3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Металург поразени од Бешикташ

Ракометарите на Металург поразени од Бешикташ

Ракометарите на Металург го забележаа вториот пораз во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар вечрва беа поразени во арената „Борис Трајковски“ од Бешикташ со 31:27 (14:14).

Металург само на моменти против турскиот шампион ја имаше инцијативата на својата страна, но најчесто играчите на Лино Червар беа тие кои ја бркаа предноста на противникот.

Текот на натпреварот и конечниот резултат го одредија и голманите, Арсиќ имаше скромни четири одбрани, додека на голот на Бешикташ блескаше Хендави, тој имаше 13 интервенции (од нив три седмерци).

Бешикташ во првото полувреме ја одржуваше разликата од два до три гола, на при крајот на првиот дел гостите имаа 10:14, кога Метлург со серија од четири гола избори егал по 30 минути 14:14.

Првиот дел од второто полувреме му припадна на Металург, но предноста од два гола (19:17), Бешикташ експресно ја стигна, а на пет минути до крајот ги реши дилемите околу победникот кога создаде предност 24:29.

Металург наредниот натпревар ќе го одигра на 30.септември кога во Скопје ќе го пречека Спортинг Лисабон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП