9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкипата на Химки се засили со Томас Робинсон

Екипата на Химки се засили со Томас Робинсон

Екипата на Химки, која се врати во Евролигата, потпиша договор со американскиот центар Томас Робинсон. Американецот со рускиот тим потпиша едногодишен договор.

Робинсон (26), беше петти пик на Сакраменто, на драфтот во 2012 година, а во НБА лигата има одиграно 313 натпревари.

Сакраменто уште во првата сезона го трејдуваше во Хјустон, а во кариерата има играно и за Портланд, Филаделфија, Бруклин и ЛА Лејкерс.

Минатата сезона како играч на ЛА Лејкерс одигра 48 натпревари на кои оствари просечни 5 поени и 4,6 скока.

Химки во преодниот рок покрај со Робинсон се засили уште и со Стефан Марковиќ, Џарлс Џенкинс, Тајлер Ханикат, Џејмс Андерсон, Малком Томас, Ентони Гил и Андреј Зубков, а нов тренер е Јоргос Барцокас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП