18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлиуд Кипчоге победник на маратонот во Берлин

Елиуд Кипчоге победник на маратонот во Берлин

Олимпискиот шампион Кениецот Елиуд Кипчоге победи на вчерашниот маратон во германската престолнина Берлин.

Кипчоге, по дождливото време, победи со време 2:03.32 часа, што е за 35 секунди полошо време од светскиот рекорд.

„Условите не беа идеални. Врнеше дожд. Среќа што ветерот не беше силен. Задоволен сум бидејќи го победив Адола“, рекол Кипчоге.

Геј Адола од Етиопија трката ја заврши на второто место. Тој зад Кипчоге задоцни за 14 секунди.

На маратонот во Берлин учествуваа 43.000 натпреварувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП