28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќање на RS иконата: Новото Audi RS 4 Avant (фото+видео)

Враќање на RS иконата: Новото Audi RS 4 Avant (фото+видео)

Audi Sport ја прославува светската премиера на нивото Audi RS 4 Avant на Интернационалното Мотор Шоу во Франкфурт. Комбинација од високи перформанси и секојдневна употребливост.

Неговиот 2.9 литарски TFSI мотор со 331kW(450КС) и вртежен момент од 600Nm го поставува во спортската авангарда на А4 фамилијата. Стандардниот Quattro погон ја пренесува моќта на неговиот V6 би-турбо мотор на сите 4 тркала.

“Audi RS 4 Avant е нашата RS икона со неспоредлива историја” – коментираше Стефан Винкелман, управен директрот на Audi Sport . “Заеднично со сите останати RS модели е миксот од неговата огромна моќ и супериорна секојдневна употребливост. Во Кина, новиот RS ќе обезбеди поттик за раст, како единствен Avant со високи перформанси во неговиот сегмент.”

Карактеристичен кровен спојлер

При креирање на четвртата генерација Audi RS 4 Avant, дизајнерот зема инспирација од многуте спортски детали на Audi 90 Quattrо IMSA GTO. Огромни издувни вентили со карактеристична RS структура и рамна Singleframe решетка која ја дефинира предницата. Оптималните Matrix LED светла го осветлуваат патот. Во споредба со А4, Avant има за 30мм поширoки лакови на тркалата кои го зголемуваат Quattro акцентот. На задниот дел се наоѓа специфичниот RS дифузер, овалната издувна цевка на RS издувниот систем и кровниот RS спојлер со кој новиот Avant го добива својот карактеристичен изглед. Nogaro сината боја со бисерен ефект, дополнително достапна од Audi, се навраќа на првата генерација на Avant од 1999та година. Новиот Audi RS 4 Avant патува на 19” алуминиумски тркала во стандардна серија, а достапни се и 20” како дополнителна опција.

0 – 100 км\ч за 4.1 секундa, RS спортска суспензија и Audi drive select (избор на погон) доаѓаат како стандардни

V6 би-турбо моторот развива моќност од 450 коњски сили во новото Audi RS 4 Avant. Неговиот максимален вртежен момент од 600Nm – за 170Nm повеќе од претходниот модел – достапен е во широка палета на мотори, почнувајќи од 1,900 па се до 5,000 вртежи. Всушност тоа и претставува клучот во неговата способност да развие од 0 до 100 км/ч за само 4.1 секунди. Новиот Audi RS 4 Avant може да достигне максимална брзина од 250 км/ч.
Со опционалниот RS динамичен пакет, неговата максимална брзина може да достигне и до 280 км/ч.

Моќта на неговиот 2.9 литарски TFSI би-турбо мотор се пренесува на стандардниот погон на сите 4 тркала преку спортски конфигуриранио tiptronic со оптимизирано менување на една од 8те брзини. Исто така, Audi нуди и заден спортски диференцијал. Просечна потрошувачка од 8.8 литри на 100 км. (199г на CO2 на километар) зголемена ефикасност од 17 проценти во однос на претходниот модел. Новиот Audi RS 4 Avant тежи 1,790 кг – 80 кг помалку од претходно.

Со стандардната RS спортска суспензија, новиот Audi RS 4 Avant е за 7 мм понизок од стандардниот А4 модел со спортска суспензија. Од дополнителна опрема достапно е RS спортска суспензија плус, заедно со Dynamic Ride Control (DRC), керамички сопирачки и уникатното RS динамично управување. Возачите имаат можност да го креираат своето лично искуство со помош на стандардниот динамичен систем за управување Audi Drive Select.

Ентериер со софистицирани материјали и дигитална RS возачка кабина.

Црниот ентериер го зацртува спортскиот карактер на новиот Audi RS 4 Avant. На RS спортските седишта со опционалниот honeycomb декоративен дизајн, мултифункционалниот спортски кожен RS управувач со рамен долен дел, менувачот за брзини и осветлените прагови на вратите може да се забележи амблемот на RS.

Во виртуелниот кокпит и на главниот централен екран се прикажуваат Г-силите, притисокот на пневматиците и вртежите. Сјајно црните стајлинг пакети – карбон со алуминиумски прилози и карбон со црни прилози само ја надополнуваат палетата на избор. Ексклузивната програма на Audi исто така ги покрива и кои и да било други специфични барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП