17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарди постигна прекрасен гол од слободен удар против Сосиедад (видео)

Барди постигна прекрасен гол од слободен удар против Сосиедад (видео)

Повратникот во ЛА Лига Леванте во чии редови блеска македонскиот репрезентативец Енис Барди е најпријатното изненадување во шпанскиот фудбал на почетокот на новата сезона.

Леванте во последниот натпревар од петтото коло го победи Реал Сосиедад со 3:0, а Барди со гол од слободен удар ја запечати втората сезонска победа на својот тим. Македонскиот репрезентивец во 89.минута го постигна својот трет гол во Ла Лига.

Претходно Левате поведе во 42.минута со спектакуларниот гол на Чема, а во 75.минута Моралес од пенал го постигна вториот гол.

По пет кола во Ла Лига, Леванте е во групата тимови (Барселона, Севилја, Атлетико и Валенсија) кои немаат пораз.

Со скор од две победи и три нерешени средни Леванте се наоѓа на петтото место на табелата.

Но наредното коло, во понеделник, Леванте ќе гостува кај Бетис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП