3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоста се враќа во Атлетико Мадрид

Коста се враќа во Атлетико Мадрид

Диего Коста се враќа во Атлетико Мадрид. Играчот кој на 134 натпревари има постигнато 64 гола за „јорганџиите“, според шпанските медиуми, во текот на денот треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише договор за клубот од „Ванда Метрополитано“.

Сагата за трансферот на Диего Коста се ближи кон крајот кога Челси ја прифатил понудата на Атлетико. Клубот од Мадрид на премиерлигашот ќе му плати 55 милиони евра, а трансферот може да нарасне за уште десет милиони евра во зависност од исполнувањето на условите што ќе бидат вметнати во клаузулата на договорот.

Диего Коста летото 2014 година за сума од 38 милиони евра од Атлетико се пресели на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.

Шпанскиот репрезентативец со „сините“ осови две шампионски титули во Англија, но поради недоразбирањата со менаџерот Антонио Конте, тој морше да го напушти Челси.

Од моментот кога беше јасно дека 28-годишниот напаѓач ќе го напушти Лондон, интерес за неговите услуги покажаа неколку тимови, но тој јасно стави до знаење дека сака да игра само во Атлетико.

Диего Коста ќе стекне право на настап дури по Нова година, а доколку сè биде во ред, тој би требало да дебитира на 7 јануари в година кога Атлетико ќе го пречека Хетафе.

До тој меч напаѓачот ќе биде 211 дена без официјалне натпревар, последен натпревар што го одигра беше оној во Скопје против Македонија во квалификациите за СП на 11 јуни 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП