3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе враќа стариот ценовник за Градскиот стадион

Се враќа стариот ценовник за Градскиот стадион

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски,извести денес дека се враќа стариот ценовник за користење на Градскиот стадион, со одредени корекции.

-Го затекнавме акционерското друштво со исклучителни загуби, посебно во делот на работењето на стадионот, за кои во наредниот период заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе бараме решение кое ќе биде во интерес и на македонската јавност и на сите клубови што го користат. Новиот ценовник на наредниот состанок ќе биде вон сила и ќе стапи во сила стариот, кој ќе биде дополнително корегиран во делот на финансиите и ќе се намалат одредени делови на цените што ќе овозможат на останатите клубови да го користат понатаму. За финансиските загуби ќе бидете известени на посебна прес-конференција – изјави Трајковски.

Прашан колку ќе чини сега еден натпревар во Лига Европа во вечерен термин, Трајковски рече дека по неговото усвојување на итна седница тој ќе биде дополнително и транспарентно објавен на веб страницата на АДСДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП