1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарци го респектираат Нант, но ќе атакуваат на втора победа

Вардарци го респектираат Нант, но ќе атакуваат на втора победа

Европскиот шампион Вардар в сабота ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона во ракометната Лига на шампионите пред домашната публика. Вардар одбраната на титулата ја започна со гостинската победа над Висла. Противник во второто коло на Вардар ќе му биде француски Нант.

„Задоволни сме што победивме против Висла бидејќи секогаш е тешко кога играте таму. Следен противник е Нант, тим што игра добар ракомет, го покажа тоа против ПСЖ, како и против Пик Сегед. Играат добар ракомет, имаат добар голман кој одбрани 22 удара против Пик Сегед. Знаеме дека треба да одиграме добро за да победиме. Очекувам добар меч, Нант игра брзо, секогаш на контранапад, нешто што и ние сакаме да го играме. Ќе биде интерес натпревар“, рече на прес-конференцијата тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Од оваа сезона движечка сила во нападот на Нант е капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, со кого Раул Гонзалес успешно работи во репрезентацијата. Тренерот на Вардар и селектор на Македонија нема да подготвува посебна тактика за Лазаров.

„Секогаш има нешто специјално против Лазаров, против Гурбиндо, против сите. Ние секогаш се подготвуваме за игра против тимот, Нант не е само Лазаров, кој има одличен шут, но не можеш да се подготвуваш само за него, имаат тие и други добри играчи“, рече Гонзалес.

За дуелот со Нант тренерот на Вардар ќе го има на располагање целиот тим, со исклучок на голманот Страхиња Милиќ. Српскиот репрезентативец има повреда на грбот. За разлика од него, повредата на Кристопанс не е сериозна и тој ќе биде во тимот.

Респект кон Нант покажа и капитенот Стојанче Стоилов.

„Досега сезоната се одвива онака како што посакувавме, победивме на сите натпревари. Атмосферата во тимот е одлична. Следен е дуелот со Нант, како што кажа и Раул, пред нас е незгоден противник, но ние сме шампиони и треба да се однесуваме како шампиони. Одиме на победа. Се надевам дека нашите навивачи ќе дојдат во што е можно поголем број, ние како клуб го заслужуваме тоа“, рече Стоилов.

Дуелот од второто коло во А-групата, Вардар-Нант, на програмата е в сабота од 17.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП