28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал сака да го купи Руни

Арсенал сака да го купи Руни

Roney

Екипата на Арсенал ќе купува во текот на летниот преоден рок затоа што „топџиите“ се на чекор до пласман во Лигата на шампионите. Па доколку успее во тоа Арсен Венгер ќе добие буџет од околу 70 милиони фунти.

Тимот ќе биде засилен на сите позиции, а според англиските медиуми Вејн Руни е првиот пик.

Уште од март месец кога одредени луѓе од опкружувањето на Руни сигнализираа дека тој има проблеми во клубот и дека сака да ја промени средината во Арсенал.

За нив околу 30 милиони евра кои ќе ги бара Јунајтед нема да бидат проблем, но останува да се види како „топџиите“ би го плаќале Руни. Само за потсетување тој со 250.000 фунти неделно е најплатениот играч во Премиер лигата, додека од друга страна најплатениот во Арсенал, Лукаш Подолски зема нешто повеќе од 100.000 фунти неделно.

Секако Руни би морал да ги намали примањата, но колку, останува да видиме. Од друга страна Арсенал ќе мора да плати квалитет поради очајничката желба да ја прекине лошата серија без трофеи.

Сепак, ако Руни остане во Англија најголема шанса има Челзи, иако Јунајтед не сакаат да го пуштат тој да замине на „Стемфорд Бриџ“ и се надеваат дека англискиот репрезентативец би можел да ја напушти Премиер лигата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП