11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп Либертадорес: Гремио и Барселона први полу-финалисти

Куп Либертадорес: Гремио и Барселона први полу-финалисти

Фудбалерите на Гремио (Бразил) и Барселона СЦ (Еквадор) изборија пласман во полу-финалето во Купот Либертадорес, јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампиони.

Гремио по 0:0 во првиот четврт-финален меч против бразилскиот ривал Ботафого, во реваншот успеа да победи со минималне резултат 1:0 и прв пат по 2007 година да избори пласман меѓу четирите најдобри тима во Купот Либертадорес.

Решавачки за пласман во полу-финалето на Гремие беше голот на Лукас Бариос во 63.минута.

Гремио во својата историја два пати го освојувал ова натпреварување во 1983 и 1995 година.

Барселона приреди големо изненадување бидејќи по 1:1 на домашен терен, во реваншот успеа да слави да го совлада Сантос во Сао Паоло со 1:0.

Единствениот гол, на натпреварот го постигна Џонатан Алварез во 68.минута.

Во простаатите два четврт-финални дуели реваншите треба да ги одиграат Ривер Плата и Вилстерман (0:3), односно Сан Лоренцо и Ланус (2:0).

Купот Либертадорес во претходните две сезони го освојуваше Атлетико Насионал од Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП