24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико го освои „Сан Мамеш“

Атлетико го освои „Сан Мамеш“

Атлетико Мадрид победи во Билбао 2:1, во дерби натпреварот одигран во рамките на петтото коло во Ла Лига. Четата на Чоло Симеоне нема пораз од почетокот на сезоната, додека Атлетик Билбао го доживеа вториот последовен пораз.

Натпреварот на „Сан Мамеш“ во целост им припадна на гостите од Мадрид, чии играчи од самиот почеток го контролираа натпреварот и го диктираа ритамот на играта.

Младиот голман на Атлетик, Кепа Аризабалага, во првиот дел ги спречи Нико Гаитан и Гризман да постигнат гол, а на другата страна Јан Облак му одбрани пенал на Адуриз во 42.минута.

Во второто полувреме аквијата во триаголник Гризман-Коке-Кореа во 55.минута во гол ја претвори Аргентинецот, кој го постигна својот трет гол сезонава.

Десет минути подоцна Гризман постигна гол, кој неоправдано му беше посниште поради офсајд.

Предноста на Атлетико ја зголеми Белгиецот Караско, кој го совлада Кепа по асистенцијата на Гризман.

До крајот на мечот домашниот тим во последниот напад го постигна почеснуот гол и тоа преку поранешниот фудбалер на Атлетико, Раул Гарсија.

Атлетико по пет натпревари, од кои четири одигра на гостински терен, има 11 бодови, четири помалку од Барселона која е на чената позиција. Атлетик кој загуби и во неделата од Лас Палмас остана на седум бодови.

Во наредното коло, Атлетико во Мадрид ќе ја пречека Севилја, а Атлетик ќе гостува кај Малага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП