22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А: Наполи го „торпедираше“ Лацио (видео)

Серија А: Наполи го „торпедираше“ Лацио (видео)

Два ремија и победи на Наполи, Јувентус, Милан, Торино, Аталанта и Сасуоло донесе петто коло во италијанската Серија А.

Дербито на колото се одигра на „Олимпико“ во Рим, каде Наполи славеше над Лацио 4:1. Домаќинот имаше предност по првиот дел со голот на Де Фрај, но во првото полувреме Лацио остана без двајцата централни дефанзивци кои поради повреди предвреме го завршија мечот, по што во вториот дел следуваше блиц крик на Наполи. Во рок од пет минути Кулбали, Каљехон и Мертенс направија целосен пресврт, а Жоргињо од пенал во последната минута го постави конечниот резултат.

Наполи и Јувентус се лидери на табелата со максимален учинок по пет кола. Шампионот Јувентус во петтото коло ја победи Фиорентина со голот на Манџукиќ.

Резултати, 5.Коло:

Беневенто-Рома 0:4
Аталанта-Кротоне 5:1
Каљари-Сасуоло 0:1
Милан-СПАЛ 2:0
Џенова-Киево 1:1
Јувентус-Фиорентина 1:0
Лацио-Наполи 1:4
Удинезе-Торино 2:3
Верона-Сампдорија 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП