6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид поразен од Бетис (видео)

Реал Мадрид поразен од Бетис (видео)

Фудбалерите на Бетис приредија вистинска сензација со триумфот над Реал во Мадрид 1:0 во петто првенствено коло. Снабрија единствениот гол на мечот го постигна во 94 минута.

Реал целосно ги разочара своите симпатизери, иако ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар. Сепак играчите на Зидан и покрај неколкуте добри шанси кои ги создадоа немаа доволно креативност во играта.

Одбраната на Бетис без поголеми проблеми се справуваше со напаѓачите на Реал, а шансите кои „мирисаа“ на гол успешно ги бранеше одличниот голман Адан.

Најблиску до постигнување на гол Реал беше во 75.минута при обидот на Бејл, но неговиот удар Адан го одбрани, а потоа топката го погоди дирекот.

Во последните 15 минути Зидан играше со петмина напаѓачи, речиси без среден ред, што скапо го плати во последната минута.

Бетис градеше една долга акција Бараган потоа испрати одличен центаршут, а Парагваецот Санабрија со глава го совлада Навас.

Бетис ја забележа првата победа на „Сантијаго Бернабеу“ по 19 години, а по цела деценија успеа да остане непоразен во Мадрид.

Реал пак стави крај на наверојатната низа од 73 натпревари на кои постигнуваше најмалку еден гол.

По пет кола Реал има осум бодови, седум помалку од најголемиот ривал Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП