
Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2021 година, потврди клубот на својата официјална интернет страна.


Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2021 година, потврди клубот на својата официјална интернет страна.
Реал и менаџерот на Бензема не ги објавија финансиските детали од договорот, но се претпоставува дека тој годишно ќе заработува 7,5 милиони евра. Откупната клаузула во договорот на 29-годишниот напаѓач изнесува една милијарда евра.
Бензема е во Реал од 2009 година кога „кралскиот клуб“ на Олимпик Лион за неговите услуги му плати 35 милиони евра. Францускиот интернационалец со Реал досега има освоено 14 трофеи, меѓу кои и три во Лигата на шампионите.
Бензема за Реал има одиграно 247 натпревари, на кои постигнал 122 гола.