Фудбалерите на Лестер го елиминираа Ливерпул во третото коло, во Лига купот на Англија. Лестер на „Кинг Пауер“ славеше со 2:0.
Менаџерот на Ливерпул против Лестер започна со комбиниран тим, на полувремето го извади од игра и Фелипе Кутињо, што значеше елимнација на „црвените“ од Лига купот.
Лестер славеше со головите кои Сонџи Оказаки и Ислам Слимани ги постигнаа во второто полувреме.
Третото коло го мина и Лидс Јунајтед, во чии редови од 104.минута настапи и македонскиот репрезентативец Алиоски. Лидс гостуваше кај Барнли, мечот по 120 минути игра заврши 2:2, а по изведувањето на пенали Лидс се пласира понатаму. Алиоски беше спешен реализатор на пеналот во четвртата серија.
Лига куп, 3.Коло:
Астон Вила-Мидлсброу 0:2
Бронмут-Брајтон 1:0
Брентфорд-Норич 1:3
Бристол Сити-Стоук 2:0
Барнли-Лидс 2:2 (пенали 3:5)
Кристал Палас-Хадерсфилд 1:0
Вест Хем-Болтон 3:0
Вулверхемптон-Бристол Роверс 1:0
Ридинг-Свонси 0:2
Тотенхем-Барнсли 1:0.