18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрагиќ го доби дресот на Дражен, па се расплака

Драгиќ го доби дресот на Дражен, па се расплака

Горан Драгиќ го обележа 40. Европско првенство во кошарка. Бекот на Мајами ја предводеше Словенија до златниот медал. Најдобрата партија тој ја даде во финалето против Србија, во кое постигна 35 поени.

Драгиќ и соиграчите во понеделникот имаа спектакуларен пречек во Љубљана, а плејмејкерот доби подарок каков што не очекуваше.

Имено, гостувајќи на „Планет ТВ“, тој од екипата го доби подарок дресот на Њу Џерси Нетс со број 3 на легендарниот Дражан Петровиќ. Мајката на трагично починатата кошаркарска легенда, Бисерка, ја замолила телевизиската екипа да му го подари дресот на Драгиќ.

Истиот број Драгиќ го носи во репрезентацијата. Подарокот го расплака најдобриот кошаркар на Словенија.

„Ова е еден од најубавите подароци што сум ги добил во животот. Се восхитував на неговата грациозност, ми беше идол, сите знаеме што има направено за југословенската и светската кошарка. Голема чест е што го носам бројот 3. Подарок од легендата. Нека почива во мир“, рекол Драгиќ.

Драгиќ во меѓувреме стави крај и на репрезентативната кариера со зборовите дека со освојувањето на златниот медал ја остварил целта со националниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП