3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрна неславно ќе ја заврши кариерата?

Срна неславно ќе ја заврши кариерата?

Украинските медиуми пласираа вест дека Дарио Срна паднал на допинг тестот пред натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Шахтјор и Наполи.

Оваа информација неофицијално ја објави весникот „Спортивка“ од Лвов. Официјална информација од Шахтјор сеуште нема, а клубот најави дека наскоро на својата интернет страница ќе ја информираа јавноста по ова прашање.

Поранешниот хрватски репрезентативец го одигра целиот натпревар против Наполи (2:1), но потоа го пропушти дуелот против Черноморец во Одеса во украинскиот шамионат, што само ги засили шпекулациите дека неговиот допинг тест направен пред мечот со Наполи бил позитивен.

Дарио Срна е вистинска легенда на Шахтјор, во чии дрес ја игра 14.сезона. Тој има 35 години и доколку шпекулациите дека бил позитивен допинг тест се вистина, тогаш тоа може да го забрза неговото заминување во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП