9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Меси и Заза беа расположени за голови (видео)

Примера: Меси и Заза беа расположени за голови (видео)

Два натпревари го отворија петтото коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Блескаа напаѓачите на Барселона и Валенсија, Лео Меси и Симоне Заза.

Барселона го победи Еибар со 6:1, а блескаше Аргентинецот Меси кој постигна четири гола. Покрај Аргентинецот најзаслужни за четвртата победа на Барселона беа Паулињо, кој го постигна вториот гол и Денис Суарес кој беше стрелец на третиот. Честа на Еибар ја спаси Енрих.

Валенсија ја пречека Малага, екипа која заедно со Алавас го дели последното место на табелата и запиша победа 5:0. Италијанецот Заза постигна три гола, а хет трикот тој го комплетираше во периодот од 50. до 63.минута. Покрај Заза стрелци за Валенсија беа Санти Мина и Родриго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП