ИНТЕРЕСНО

Вардар лесно го совлада Татран Прешов

Ракометарите на Вардар запишаа нова лесна победа во СЕХА лигата. Бранителот на трофејот, во вторникот, славеше над Татран Прешов 32:28 (18:11).

Вардар без многу напор стигна до очекуваната победа над словачкиот шампион, кој беше конкурентен десетина минути (5:5). Вардар потоа за три минути успеа да се „одлепи“ на 13:9 и потоа рутински го одработи натпреварот.

Имаше Вардар два пати во второто полувреме предност од девет гола (28:19, 29:20), а во последните девет минути Татран успеа да избори пристоен пораз.

Раул Гонзалес, во пресрет на дуелот во Лигата на шампионите против Нант, многу ротираше, а голема минутажа добија и малдите Ѓорѓевски, Поповски и Ончев. Голманот Ѓорѓевски бранеше во текот на целиот натпревар и имаше осум одбрани, додека Поповски постигна три, а Ончев два гола.

Петмина играчи на Вардар постигнаа по четири гола (Борозан, Циндриќ, Карачиќ, Мораеш, Шишкарев).

Кај Татран најефикасен беше Буторац со осум голови, по пет постигнаа Чип и Урбан, а голманот Чуприна имаше десет интервенции.