26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрагиќ: Сега е вистинско време да заминам од репрезентацијата

Драгиќ: Сега е вистинско време да заминам од репрезентацијата

Најдобриот кошаркар на Словенија, Горан Драгиќ, како што најави пред почетокот на Европското првенство, објави дека става крај на репрезентативната кариера.

Драгиќ на 40. Европско првенство ја предводеше Словенија до историскиот успех и освојување на златниот медал, а тој беше избран за МВП на првенството.

„Го постигнав она што го сакав, го освоив златниот медал и сега е вистинското време да се простам од националниот дрес“, рекол бекот на Мајами Хит.

Драгиќ со 35 поени ја предводеше Словенија до победата во финалето против Србија.

Тој поради клупските обврски во Мајами нема да може да ѝ помогне на репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП