22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиналето од ЛШ во 2019-та ќе се одигра во Баку?

Финалето од ЛШ во 2019-та ќе се одигра во Баку?

Шпанските медиуми, повикувајќи се на свои извори во Европската фудбалска унија (УЕФА), објавија дека финалето во Лигата на шампионите во 2019 година ќе се одигра во Баку, Азербејџан.

Покрај Баку, во конкуренција бил и Мадрид, односно новиот стадион на Атлетико, „Ванда Метрополитано“, но неофицијално УЕФА смета дека на овој стадион, кој во саботата беше отворен и чија изградба чинеше 240 милиони евра, нема доволно ВИП-места.

УЕФА на 21 септември (четврток) ќе соопшти каде ќе се игра финалето во 2019 година.

Финалето во Лигата на шампионите за оваа сезона ќе се одигра во мај 2018 во Киев, Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП