7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНојер се враќа во јануари по успешната операција

Нојер се враќа во јануари по успешната операција

Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен, поради хируршкиот зафат на левото стапало, нема да биде во конкуренција за првиот тим до почетокот на наредната година, објави клубот.

Нојер доби фрактура на стапалото на тренингот на тимот, а денеска е успешно опериран. Инаку, Нојер и во финишот на минатата сезона, поточно во четвртфиналниот реванш со Реал Мадрид, го повреди истото стапало.

„Лоша вест е што Нојер ја обнови повредата. Операцијата мина без проблеми, тоа во овој момент е најважно. Нѐ чека период во кој ќе бидеме без нашиот капитен. Мануел повторно ќе биде во тимот од јануари“, рекол претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Германскиот репрезентативен голман меѓу двете повреди бранеше за Баерн само на четири натпревари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП