3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси утре ќе дознае дали ќе вози во Арагон

Роси утре ќе дознае дали ќе вози во Арагон

Деветкратниот светски шампион во Мото ГП, Валентино Роси, се врати во тимот на Јамаха по повредата и операцијата на ногата и набргу ќе биде познато дали тој ќе вози на трката за Големата награда на Арагон.

Роси ја скрши ногата на 31 август поради што мораше да биде опериран, а во вторникот започна со тренинзите.

Италијанецот во вторникот, во Мизано, на патеката „Марко Симончели“ успеал да извози неколку кругови, но тренингот не го завршил поради дождот.

Бидејќи, поради временските услови, не успеа да ги извози предвидените кругови, нејасно е дали Роси е целосно подготвен за враќање на патеките.

Одлуката дали тој ќе вози во Арагон ќе биде донесена во среда околу пладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП