ПочетнаИНТЕРЕСНО10 милиони евра ќе заработи Барселона од повредата на Дембеле

10 милиони евра ќе заработи Барселона од повредата на Дембеле

Фудбалскиот клуб Барселона поради повредата на Осман Дембеле ќе заштеди 10 милиони евра, пренесува „Ас“. Повредата на 20-годишниот фудбалер и овозможи на Барселона да активира една од клаузулите која е вметната во неговиот договор.

Осман Дембеле се повреди во саботата на натпреварот со Гетафе (1:2). Барселона на својата официјална интернет страница објави дека младиот напаѓач ќе мора да биде опериран и дека ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните четири месеци.

Барселона за Дембеле на Борусија Дортмунд и плати 105 милиони евра, а таа сума доколку бидат исполнети сите клаузули кои се вметнати во договорот може да порасне и до 150 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП