7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа тениските турнири ќе нема повеќе линиски судии

На тениските турнири ќе нема повеќе линиски судии

На завршниот турнир на играчите од „наредната генерација“ ќе започне тениската револуција, која предвидува турнирите во иднина да се играат без линиски судии. На турнирот на кој играат најдобрите млади играчи на денешнината ќе биде присутен само главниот судија, додека неговите помошници ќе ги замени „хок-ај“ системот.

Ова значи дека тенисерите нема да бараат „челинџ“, туку „хок-ај“ системот преку компјутерот ќе сигнализира дали топчето е во аут. Спорните ситуации ќе бидат прикажувани на видео-бим.

„Ова би можело да биде историски момент во тенисот. Нашите тенисери работат напорно и заслужуваат да имаат најдобро судење. Технологијата засега е на пробна работа и ќе видиме како ќе функционира на вистински турнир. Ќе ги следиме резултатите и ќе се обидеме да ги унапредиме недостатоците кои евентуално би се појавиле“, рекол Гејл Дејвид Бредшо, потпретседател задолжен за правилниците и натпреварувањата во АТП.

Турнирот за играчите од „наредната генерација“ ќе се одржи во Милано од 7. до 11.ноември. Досега учество на турнирот има обезбедено Александар Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП