1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 65 милиони евра Диего Коста се враќа во Атлетико

За 65 милиони евра Диего Коста се враќа во Атлетико

Атлетико Мадрид понудил 55 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони низ бонуси, за трансферот на Диего Коста. Доколку Челси ја прифати понудата, Бразилецот со шпански пасош ќе стане најскапиот играч на во историјата на Атлетико.

Диего Коста не е во плановите на менаџерот Антонио Конте, но трансферот Атлетико не можеше да го реализира во летниот преоден рок поради казната на ФИФА.

Шпанскиот репрезентативец веднаш по Новата година ќе може да потпише за клубот откаде пред три и пол години замина во Челси.

Шпанските медиуми, кои објавија дека трансферот е пред реализиција, прецизно пресметаа дека на почетокот на наредната година 28-годишниот напаѓач ќе биде точно 200 дена без одиграна минута на официјален натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП