1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимовски го објави списокот за квалификациските дуели со Шведска и Србија

Симовски го објави списокот за квалификациските дуели со Шведска и Србија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список со ракометарки на кои ќе смета за двата први натпревара од квалификациите за Европското првенство 2018 година во Франција.

Македонските ракометарки квалификациите ќе ги отворат против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, а на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија.

Во квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарските Острови.

Првиот собир го закажа за 25 септември (понеделник) од 18.30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки.

Инаку, непосредно пред првиот собир репрезентативките ќе одиграат подготвителен меѓународен турнир во Турција,во периодот од 21 до 24 септември. Селекторот Симовски за настапот на турнирот, на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција, повика 17 ракометарки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП