19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенија е нов европски шампион (видео)

Словенија е нов европски шампион (видео)

Словенија во Истабул стана Европски шампион во кошарка. Словенците во драматичното финале во „Синан Ереден арена“ ја совладаа Србија 93:85.

Словенија го слави Горан Драгиќ, МВП на првенството, кој во својот последен натпревар во репрезентативната кариера и го донесе првиот медал во историјата.

Плејмејкерот на Мајами Хит, одигра на НБА ниво во првото полувреме во кое постигна 26 поени. Особено импресивен тој беше во втората четвртина во која уфрли 20 кошеви, а Словенија во тој период постигна 36 коша. Токму тие втори десет минути го одредија конениот победник, иако Србија во второто полувреме со добрата игра во одбраната трпеливо ја топеше негативата од 12 поени.

Србите на нешто повеќе од две минути до крајот стигнаа до водство 82:80, но потоа Словенија преку Блажиќ, Реднолф и Препелиќ направи серија 10:0 со која стави крај на мечот.

Големи заслуги за триумфот има и сропскиот стратег Игор Кокошков, кој последните пет минути ги одигра без Драгиќ, кога беше видливо дека тој го загуби здивот и започна да игра нерезонски.

Исто така Словенија последните 15 минути ги играше без Дончиќ кој го повреди скочниот зглоб, но некаде во истиот период од натпреварот и Србите останаа без Јовиќ кој ја обнови повредата.

Драгиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 7 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Одлично го следеаа Препелиќ со 21 и Реддолф со 11 кошеви.

Кај Србија, која по финалињата на Светското првенство и Олимписките игри загуби и во финалето на Евробаскетот, најефикасни беа Богдановиќ со 22 и Мачван со 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП