24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДембеле ќе паузира најмалку три недели

Дембеле ќе паузира најмалку три недели

Најскапиот играч во историјата на Барселона, Осман Дембеле, на вчерашниот натпревар во Мадрид против Хетафе ја повредил тетивата, потврди неговиот клуб.

Дембеле играта ја напушти во 29.минута, откако се пожали на повреда. Барселона и без него, со малку повеќе труд успеа да слави 2:1 иако имаше негатива од еден гол.

„Осман Дембеле ја повреди тетивата на левата нога, а по дополнителните испитувања ќе биде познато колку таа е сериозна“, се наведува во соопштението на Барселона.

Шпанските медиуми шпекулираат дека младиот Французин би можел да паузира три недели, а некои не толку оптпистички прогнози велат дека тој нема да игра до крајот на годината.

Дембеле во финишот на преодниот рок за сума од 105 милиони евра, која би можела да се искачи и до 150 милиони евра, од Дортмунд се пресели во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП