19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со победа ја започна одбраната на титулата во ЛШ

Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во ЛШ

Европскиот ракометен шампион Вардар со триумф во Плоцк ја започна одбраната на титулата. Вардар вечерва славеше со 26:22 (13:9).

Избраниците на Раул Гонзалес одиграа коректно прво полувреме, во кое доминираа во одбраната и на противникот му дозволија да постигне само осум голови. Вардар од првиот напад имаше водство, три пати во полувремето имаше предност од три гола, а првиот дел го затвори со серија 4:1, предност од 13:9.

Второто полувреме донесе проблеми во играта на Вардар, чии играчи никако не може да го пробијат голманот Вихари, кој за 12 минути во вториот дел собра неверојатни девет одбрани.

Вардар првиот гол во второто полувреме го постигна по шест минути игра, а до 18.минута само три пати го совладаа Вихари.

Сепак, Висла не успеа да го искористи добриот момент на својот голман, два пати израмни (13:13, 15:15), Штербик со неколку интервенции ја врати стабилноста во играта, а Вардар во 50.минута повторно ја врати максималната предност од четири гола, со што ги уништи надежите на амбициозниот домаќин дека може да стигне до триумф.

Борозан со шест гола беше најефикасен играч на Вардар. „Црвени-црните“, во наредното коло, на 23.септември ќе го пречекаат Нант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП