Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина Беј“. Трката ја обележа инцидентот на самиот страрт по кој двајцата возачи на Ферари (Раиконен и Фетел) и пилотот на Ред Бул, Ферстапен ја завршија трката.
Луис Хамилтон победи во Сингапур, ја запиша 60.победа во кариерата и ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос наФетел на 28 бодови.
Поради дождот и лошото време, инцидентот помеѓу Раиконен, Ферстапен и Фетел на самиот почеток не се извозеа предвидените 63 круга, туку организаторот кога беше извозен 40.круг реши да за вози уште половина час.
Хамилтон, што не е така честа појава, имаше одличен старт, од петтото се проби на второот место, а потоа веднаш ја презеде челната позиција, која Рикардо од Ред Бул не успеа да ја загрози.
Возачот на Ред Бул заврши на второто место, а трет беше Ботас на Мерцедес.
Бодови во Сингапур освоија уште Саинц (Торо Росо), Перез (Форс Индија), Палмер (Рено), Вандорн (Мекларен), Строл (Вилијамс), Грожан (Хас) и Окон (Форс Индија).
Следната трка се вози на 1.октомври во Малезија.