7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ одби милионски суми од Кина за да игра во Ц.Звезда

Антиќ одби милионски суми од Кина за да игра во Ц.Звезда

Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена звезда, Перо Антиќ, рекол дека воопшто не размислувал кога пристигнала понуда од белградскиот клуб. Тој исто така ги нарекол смешни сумите што се врзуваат за неговиот трансфер бидејќи дел од договорот покрива Фенербахче.

Антиќ потпиша едногодишен договор со Црвена звезда, чиј дрес го носеше во периодот 2005-2007. Тој од завчера е во Белград каде што имаше можност да се запознае со стручниот штаб и соиграчите, а вчера ги мина лекарските прегледи.

„Менаџерот и раководството на Фенербахче го бараа најдоброто решение, имав гарантиран договор, но и дилема, да уживам во богатиот договор или да играм на друго место каде што ќе бидам среќен. Кога се појави Црвена звезда, не размислував воопшто. Имав и други понуди, можев да добијам подобар договор во Евролигата, петпати повеќе пари во Кина… Но, јас секогаш сум сакал да играм за Црвена звезда“, рекол Антиќ

„Видов дека се работи за нов проект, дека можам да помогнам. Не преставувам финансиски товар бидејќи Фенербахче ќе го плаќа најголемиот дел од договорот, а и не заземам место за странец. Сумите што се споменуваат се смешни, јас овде не дојдов да заработам“.

Антиќ оценил дека новиот проект што го започнува Црвена звезда е интересен бидејќи се гради за млади кошаркари. Од тимот што минатата сезона ги освои АБА-лигата, првенството и Купот на Србија останаа само Бранко Лазиќ, Немања Дангубиќ и Милко Бјелица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП