17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакитиќ: Силно тргнавме по поразот од Реал

Ракитиќ: Силно тргнавме по поразот од Реал

Поразот од Реал во Суперкупот на Шпанија ѝ помогнал на Барселона агресивно да влезе во новата сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите, смета хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

Барселона пред еден месец во двомечот ја загуби титулата во Суперкупот на Шпанија од мадридски Реал, а поразот во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, според Ракитиќ го раздвижил титмот.

„Поразот во Суперкупот ни помогна да се обединиме и силно да ја почнеме сезоната во Ла Лига и Лигата на шампионите“, рекол Ракитиќ.

Според него, добриот старт во првенството и победата од 3:0 над Јувентус во првото коло во Лигата на шампионите ги вратиле атмосферата и самодовербата кај фудбалерите на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП