ПочетнаИНТЕРЕСНОИвица Скелин ќе биде новиот селектор на Хрватска

Ивица Скелин ќе биде новиот селектор на Хрватска

Ивица Скелин, првиот помошник на Александар Петровиќ, ќе биде новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Хрватска, објави „Спортклуб“.

Скелин девет години работел во Белгија и Холандија, а по враќањето во Хрватска стана тренер на КК Сплит, а потоа и прв помошник на селекторот Александар Петровиќ.

Според истиот извор, Скелин покрај селекторската би продолжил да ја извршува и тренерската функција во Сплит.

Хрватска на 40. Европско првенство, кое ќе заврши в недела, настапот го заврши во осмина-финалето по катастрофалниот пораз од Русија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП