Растот на приходите на „Oracle“ продолжи и во петтиот последователен квартал, поттикнат од корпоративното побарувачка на софтверот базиран на облак услугите, објави „Bloomberg“.
Прилагодените приходи од продажба се зголемија за 7 отсто на 9,21 милијарди долари во фискалниот прв квартал, надминувајќи ги проценките на аналитичарите, додека продажбата на производите базирани на облак продолжуваат да носат поголем дел од вкупните приходи. Профитот, исто така, ги надминува прогнозите на аналитичарите, помогнат со задржување на оперативните трошоци.
Директорите на „Oracle“ инвестираат во нови производи и вработуваат нов продажен персонал за зголемување на приходите од производи поврзани со облак услугите кои им овозможуваат на компаниите да пристапат до софтвер и услуги преку интернет, а не преку програми инсталирани на сопствените системи.
Продажбата базирана на облак услугите порасна за 51 отсто во кварталот кој заврши на 31-ви август, се вели во соопштението на компанијата.
Акциите на „Oracle“ ја зголемуваат нивната вредност за 2,2% за време на проширеното тргување по известувањето. Инвеститорите го поздравуваат успехот на компанијата за продажба на софтверот базиран на облак услугите во оваа година, при што цените на акциите се зголемија за 37 отсто од почетокот на 2017-та година.
Прилагодената заработка достигна 9,21 милијарди долари, додека аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ очекуваа 9,03 милијарди долари. Профитот, со исклучок на некои ставки, изнесува 62 центи по акција, надминувајќи ја просечната прогноза од 60 центи по акција.
„Oracle“ го поттикнува растот преку ангажирање повеќе луѓе и правење превземања. Компанијата ангажирала 5.000 вработени за својот интернет-базиран софтверски бизнис во САД, откако ангажирала над 4.000 луѓе во оваа година. Покрај тоа, компанијата вработува во Европа и други региони.
Минатата година, „Oracle“ го купи „NetSuite“, облак базиран на финансиски услуги, за околу 9 милијарди долари. Ова е еден од нејзините најголеми договори досега.