2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈаневски: Победи подобриот, Манчини: Резултатот не го одразува вистинскиот квалитет

Јаневски: Победи подобриот, Манчини: Резултатот не го одразува вистинскиот квалитет

Зенит со 5:0 го победи Вардар, во Скопје, во првото коло во Лига Европа. На прес конференцијата по мечот разбирливо дијаметрално спротивно беше расположението кај тренерите Чедомир Јаневски и Роберто Манчини.

„Тешко е кога ќе примиш гол во првите пет минути потоа да се вратиш во мечот, особено кога имаш против себе квалитетен противник. Примивме гол по корнер и тоа беше шок за нас. Потоа не бевме во ситуација да ја градиме играта. Мислам дека победи подобриот тим, а ние треба да научиме од грешките кои ги правевме. Имаме уште пет натпревари во групата и ние треба да се обидеме да се покажеме во добро светло“, рече вардаровиот тренер Јаневски и дополни дека најголемиот проблем неговите играчи го имале на средината од теренот.

„Ние немаме многу решенија во нападот, играчите се тие кои ги имаме. Денес ни беше проблем играта во средината каде што игравме „три на три“. Многу проблеми ни направи Кокорин и неговата добра соработка со Дзјуба“.

Неговиот колега Роберто Манчини рече дека неговиот тим одиграл исклучително калитетно, но дека не очекувал толку убедлив триумф.

„Вардар не е слаба екипа. Не очекував толку убедлива победа и мислам дека резултатот не ја дава реалната слика на квалитетот на двата тима. Го гледав Вардар против Фенербахче, кога одигра навистина добро“, рече Манчини.

Во наредното коло за две недели Вардар ќе гостува кај Розенборг, а Зенит ќе го пречека Реал Сосиедад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП