1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Македонија забележа скок на рејтинг листата од 32 места

ФИФА: Македонија забележа скок на рејтинг листата од 32 места

Фудбалската репрезентација рапидно напредува на новата ранг-листа на ФИФА, која денеска ја објави Светската фудбалска федерација.

Победата во Хаифа над Израел (1:0) и нерешениот резултат во Струмица против Албанија (1:1) во кавлификациските натпревари за пласман на Светското првенство во Русија, на Македонија ѝ донесоа скок од 32 места на најновата листа на ФИФА.

Во однос на претходното рангирање Македонија се наоѓа на 103. место на ФИФА листата. Поголем скок од Македонија забележа само Луксембург, за 35 места, благодарение на нерешениот резултат против Франција.

Од противниците во квалификациската група послаб рејтинг од Македонија има само Лихтенштајн, 187. место, а сите други, со исклучок на Шпанија, која се задржа на 11. место, иако се подобро пласирани од македонската репрезентација назадуваа на ФИФА листата.

Италија забележа пад од пет места и се наоѓа на 17.место, Албанија е на 66.позиција, а на претходното рангирање беше 63., додека Израел „падна“ за 12 позиции и сега е на 82.место.

На најновата листа промени има и на врвот, каде првите четири редоследно ги заменија местата. Германија е број 1, пред Бразил, трета е Португалија која ја мина Аргентина. Зад четвртопласираната Аргентина е Белгија која напредува за четири места.

Во Топ 10 уште се и Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП