Францускиот шампион ПСЖ сериозно ја разгледува можноста да направи вистинска „бомба“ на трансфер пазар ова лето. „Светците“ сакаат во својот тим да ја доведат ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Од „Паркот на принцовите“ подготвија рекордната трансферна сума од 100 милиони евра за правата на Португалецот. Договорот на „CR7“ со Шпанците завршува во текот на летото во 2015-та година, но тој засега непокажува никакви знаци да го обнови.
Раководството на тимот од Мадрид му нуди зголемување од речиси 50 проценти на годишна плата, па така тој од 10.5 би земал 15 милиони евра. Но од ПСЖ се подготвени на Кристијано да му понудат 18 милиони евра по сезона.
Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат главните играчи на трансфер пазарот ова лето. Шефовите на „кралевите“ се обидуваат на ПСЖ да му го украдат тренерот Карло Анчелоти кој се споменува како наследник на Жозе Мурињо.