Комплетирано е првото коло во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата Реал рутински славеше над АПОЕЛ, додека во реприза на финалето во Лига Европа од 2016 година Ливерпул и Севилја одиграа 2:2. Дебитантот Лајпциг го освои првиот бод откако со минатосезонскиот полу-финалист Монако одигра 1:1.
Стрелците во Лигата на шампионите и вечерва беа расположени, на осум натпревари беа постигнати 26 голови. На четири стадиони беа постигнати по четири гола, во Ротердам, Порто, Лондон и Ливерпул.
Ливерпул со реми се врати во елитното натпреварување. На „Енфилд“ Севилја успеа да одигра 2:2. На овој меч Фелипе Кутињо се врати во составот на Ливерпул и ги одигра првите минути оваа сезона.
Реал со двата гола на Роналдо и едниот на Рамос рутински го совлада кипарски АПОЕЛ со 3:0. Дуелот го обележа повредата на Ковачиќ, кој веројатно одреден период ќе биде на рехабилитација.
Два гола постигна и Хари Кејн во победата на Тотенхем над Борусија Дортмунд. Напаѓачот на Спарси ги постигна вториот и третиот гол за својот тим, откако претходно Сон му донесе предност на Тотенхем, а Јармоленко израмни.
Феенорд по 15 години се врати во елитата и го забележа најубедливиот пораз на домашен терен во европските купови. Манчестер Сити славеше со 4:0, а два гола предност премиерлигашот имаше по само десет минути игра. Стоунс и Агуеро беа стрелци, а потоа Жесус и повторно Соунс го поставија конечниот резултат.
Група Е:
Марибор-Спартак Москва 1:1
Ливерпул-Севилја 2:2
Група Ф:
Феенорд-Манчестер Сити 0:4
Шахтјор-Наполи 2:1
Група Г:
Лајпциг-Монако 1:1
Порто-Бешикташ 1:3
Група Х:
Реал-АПОЕЛ 3:0
Тотенхем-Борусија Дортмунд 3:1.