14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо сака да се врати во Англија

Кристијано Роналдо сака да се врати во Англија

Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо, на процесот на кој му се суди за затајување данок рекол дека сака да се врати во Англија.

Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет дека затаил 15 милиони евра данок поради што уште во летниот преоден рок се појави можноста да го напушто „Сантијаго Бернабеу“.

Португалецот имаше понуди од Манчестер јунајтед и ПСЖ, но тој сепак се реши да остане во Мадрид.

Сепак, истрагата што се води против него поради затајување данок, како и суспензијата од пет натпревари што ја доби бидејќи го турна судијата на натпреварот во Суперкупот, го натера повторно да размислува за враќање во Англија.

„Никогаш не сум имал проблеми во Англија и затоа сакам да се вратам таму“, рекол Роналдо.

Против Кристијано Роналдо се води процес по истрагата на даночните власти дека во периодот од 2011 до 2014 година ги криел приходите од продажбата на правата на своите фотографии на Девствените Острови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП