1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси се согласи да го продаде Диего Коста во Атлетико

Челси се согласи да го продаде Диего Коста во Атлетико

Се насетува среќан крај на една од најголемите сапуници во летниот преоден рок . Диего Коста се враќа во Европа, а Челси ќе ги отвори преговорите со Атлетико околу трансферот на Бразилецот со шпански пасош во неговиот поранешен клуб.

Диего Коста мина три успешни сезони во Челси, откако на „Стенфорд Бриџ“ пристигна од Атлетико за сума од 35 милиони евра.

Шпанскиот репрезентативец со клубот освои две титули во Премиер лигата, но некаде во јануари годинава „пукна“ љубовта помеѓу него и менаџерот Антонио Конте.

Напаѓачот тврди дека Конте преку СМС порака му порачал дека не смета на неговите услуги во новата сезона.

Лут на менаџерот Дего Коста цело лето го мина во Бразил, одбивајќи да се врати во Лондон, а од клубот побара да му дозволи да се врати во Атлетико.

Челси му се закани дека ќе биде казнет, доколку не се врати во Лондон за да трениера со резервниот тим. Сепак по истекот на преодниот рок Челси се согласи на компромис.

Според пишувањата на шпанските и англиските медиуми, Челси се согласил да преговара со Атлетико околу трансферот, иако мадридскиот клуб до јануари не смее да донесе ниту еден играч поради казната на ФИФА.

Истите извори најавуваат дека целата работа ќе биде завршена до крајот на неделата, а се претпоставува дека со бонусите трансферот ќе изнесува околу 60 милиони евра, со што Диего Коста би станал најскапото засилување во историјата на клубот, а тренерот Чоло Симеоне ќе си ја исполни желбата од јануари во нападот на Антоан гризман да му го приклучи Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП