21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Јувентус некомплетен гостува на Камп Ноу

ЛШ: Јувентус некомплетен гостува на Камп Ноу

Мега дербито помеѓу Барселона и Јувентус е дуелот кој ја отвора 26.сезона во Лигата на шампионите. Вечерва на програмата се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д, а покрај пресметката на „Ноу Камп“, ќе се одиграат уште седум други натпревари.

Барселона на стартот на натпреварите во Лигата на шампионите доби можност да му се одмазди на Јувентус за елиминацијата во минатата сезона. „Старата дама“ од Торино, минатата сезона о четврт-финалето ја елиминира Барселона без премине гол: во Италија беше 3:0, а во Барселона 0:0.

Претходно Барса го победи Јувентус со 3.1, во финалето кое се одигра во 2015 година и кога го освои својот петти трофеј во Лигата на шампионите.

Интересно тимовите се целосно израмнети во меѓусебните дуели, ан претходните девет соочувања Барселона и Јувентус имаат по три победи, а три пати играле нерешено.

Во пресрет на дуелот (20:45 часот) новиот тренер на Барселона Ернесто Валверде речиси и да нема никакви кадровски проблеми, додека неговиот колега Масимилијано Алегри има големи проблеми во состаувањето на тимот Манџукиќ и Кјелини се повредени, во тимот нема да биде ниту последното засилување Бенедик Ховедес, а Хуан Квадрадо е суспендиран поради црвениот картон кој го доби во финалето против Реал.

Барселона е фаворит и поради неверојатната низа која ја има на домашен терен во Лигата на шампионите. Каталонците на 21 натпревар немаат пораз пред својите навивачи,а серијата е започната во септември 2013 година.

Натпреварото се игра во рамките на Д групата, каде во вториот меч ќе играат Олимпијакос-Спортинг Лисабон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП