ПочетнаИНТЕРЕСНОЖарко Марковиќ нов играч на ППД Загреб

Жарко Марковиќ нов играч на ППД Загреб

Ракометниот првак на Хрватска, ППД Загреб, договори големо засилување за оваа сезона. Нов играч на Загреб ќе биде официјално најдобриот десен бек од последното Светско првенство во Катар и поранешен играч на Металург, Жарко Марковиќ.

Играчот кој е роден пред 31 година во Цетиње, Црна Гора, ги договорил сите услови со ППД Загреб и во вторник ќе го стави својот потпис на едногодишниот договор.

Инаку, интерес за Марковиќ покажуваше и германскиот великан Кил, но Црногорецот кој настапува за Катар реши да ја прифати понудата на Загреб.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП