3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Надал ја зголеми предноста на врвот

АТП: Надал ја зголеми предноста на врвот

Рафаел Надал по триумфот на Отвореното првенство на САД ја зголеми предноста над конкурентите на првото место на АТП-листата. Надал има 9.465 бодови и е со најголеми шанси годината да ја заврши на првото место.

Шпанецот има 1960 повеќе од Роџер Федерер, кој го мина Енди Мареј на втората позиција. Зад Британецот е Германецот Александар Зверев, за кого четвртото место во кариерата е најдобриот ранкинг.

Најдобриот пласман во кариерата го бележи и Марин Чилиќ, кој од понеделникот е петти во светот.

Топ 10 го комплетираат Новак Ѓоковиќ (Србија), Доминик Тим (Австрија), Стан Bавринка (Швајцарија), Григор Димитров (Бугарија) и Пабло Карењо Буста (Шпанија).

Инаку, Мареј, Ѓоковиќ и Вавринка, кои се во Топ 10, објавија дека нема да играат до крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП