18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМина е првото засилување на Барселона за наредната сезона (видео)

Мина е првото засилување на Барселона за наредната сезона (видео)

Фудбалскиот клуб Барселона го договори првото засилување за летниот преоден рок пред почетокот на сезоната 2018/2019. Станува збор за дефанзивецот на Палмеирас, Хери Мина, за чии услуги Барселона плати девет милиони евра.

Мина има 22 години, висок е 195 сантиметри и е еден од најдобрите млади дефанзивци во светот.

Иако бразилските и шпанските медиуми пишуваа дека тој од јануари наредната година ќе пристигне на „Ноу Камп“, сепак, Барселона реши тој да му се приклучи на тимот по завршувањето на оваа сеозна за да може со екипата да ги одработи летните подготовки.

Мина минатата година дебитираше за националниот тим на Колумбија и веќе успеа да постигне три гола на 12 одиграни натпревари.

На клупски план, во кариерата со Санта Фе бил шампион на Колумбија и победник во Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа), а со Палемеирас го освои првенството на Бразил.

Моментално младиот дефанзивец се рехабилитира од фрактурата на метатарсалната коска на левото стапало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП