18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБожиќно „Ел Класико“

Божиќно „Ел Класико“

Првото овосезонско Ел Класико помеѓу Реал и Барселона нема да се одигра на 20 декември, како што првично беше планирано, туку на програмата ќе биде три дена подоцна, викендот кога католиците го слават Божиќ.

Како што објави „Ас“, терминот на одигрување на овој натпревар е сменет поради учеството на Реал на Светското првенство за клубови.

Поради божиќните празници, раководството на Ла Лига претходно реши сите дуели од 17. коло да бидат одиграни во среда, за играчите и тренерите да имаат слободен празничен викенд.

Реал бараше мечот да биде одложен, а како што пренесуваат медиумите, предлогот го прифати Ла Лига и го одреди 23 декември како ден кога ќе се одигра Ел Класико. Еден од најголемите дерби натпревари во светот на фудбалот ќе почне во 13 часот.

Реал на Светското првенство за клубови ќе учествува од 6 до 16 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП