5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсториски успех на Фрум, Контадор замина во пензија

Историски успех на Фрум, Контадор замина во пензија

Британецот Крис Фрум победи на велосипедската трка околу Шпанија (Вуелта) и стана првиот натпреварувач во модерната ера, од 1978 година, кој во иста година победил на Вуелта и Тур д’Франс.

Фрум прв пат во кариерата победи на Вуелта и стана првиот по Жак Анкетил (1968 година) и Бернар Ино (1978 година) кој во иста година победил на Вуелта и Тур д’Франс.

Второто место во генералниот пласман му припадна на Виченцо Нибали од Италија, а трет заврши Русинот Илнур Закарин.

Последната етапа на која победи Матео Трентин, а Фрум заврши на единаесеттото место, ја обележа и Алберто Контадор, за кого ова беше последната трка во кариерата.

Контадор (34) во кариерата два пати победувал на Вуелта и Тур д’Франс, а единствена дамка во кариерата му е допонг скандалот во 2010 година кога се повлече од трката околу Франција. Поради допингот него му беше одземена третата титула на Тур д’Франс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП