18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Русија ja декласира Хрватска (видео)

Евробаскет: Русија ja декласира Хрватска (видео)

Кошаркарите на Русија се последни кои изборја четврт-финале на Европското првенство, откако во „Синан Ерден Арена“ ја декласираа Хрватска 101:78. Хрватите ја продолжија лошата низа на големите натпреварувања бидејќи немаат освоено медал од 1995 година.

Русите, предводени од Алексеј Швед, одиграа решиси перфектно во второто полувреме кое на крајот го добија со 19 поени.

Првото полувреме донесе израмнтета игра, во кое одбаната кај двата тима речиси и да не постоеше. Русија по првиот дел имаше предност 46:42.

Во второто полувреме играта на Хрватска во целост се распадна, не само што одбраната не профункционира, туку и во нападот повеќе играчите на Александар Петровиќ немаа никакви решенија.

Швед ја предводеше Русија со двоен ефект од 27 поени и 12 асистенции, а уште четворица постигнаа двоцифрен број на поени.

Кај Хрватска единствен кој се обиде да одигра нешто беше Богдановиќ кој постигна 28 поени, додека целосно разочара Шариќ кој погоди само три од 12 обиди од поле.

Русија за противник во четврт-финалето ќе ја има Грција, која ден претходно со 77:64 ја победи Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП