
Ракометарите на Металург го совладаа Нексе 29:22 (15:10) во рамките на третото коло во регионалната СЕХА лига. Тимот на Лино Червар по стартниот пораз од Вардар, во интервал од пет дена забележа две сигурни победи, најпрвион во Панчево против Динамо, а во неделата против Нексе на домашен терен.
Слично како и на мечот против Динамо, Металург во најголемиот дел од натпреварот делуваше сигурно на теренот, а клучната предност неговите ракометари ја направија во периодот од 12. до 19.минута кога поведоа со 10:5.

