9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Бензема ќе паузира еден месец

Поради повреда Бензема ќе паузира еден месец

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе отсуствува од фудбалските терени еден месец поради повредата со која се здоби на првенствениот натпревар против Леванте.

Францускиот интернационалец, на натпреварот против Леванте (1:1) на теренот мина само половина час, а потоа поради повредата беше повлечен од игра.

„Тестовите покажаа дека Карим бензема ја истегнал тетивата на десната нога. Му следува пауза помеѓу четири и шест недели“, соопшти клубот.

Реал во првите три кола, во Ла Лига, освои само пет бода. Два од овие три натпревари Реал ги осигра на домашен терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП